Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ започна со реализација на проектот
Унапредување на земјоделското производство во Општина Струмица низ процес на Стратешко планирање за период 2019-2025 година со изработка на:
Пет годишна Стратегија со Акциски план за Унапредување и развој на земјоделското производство во Општина Струмица 2019-2025 година.
Проектните активности вклучуваат:
-Утврдување на Нивото на влијанието на АГРАРНАТА ПОЛИТИКА врз земјоделството и земјоделците во Струмица и Струмичко.
-Собирање на информации и податоци за утврдување на состојбата и влијанието на Аграната политика врз земјоделството и земјоделците од Струмица и струмичко со изработка на анкетен прашалник, онлајн истражување, директни прашалници, деск истражување и собирање на информаци и податоци од релевантни чинители-владини и невладини.
-Работа со фокус групи
– Утврдување на новите аспекти во земјоделството заради унапредување, организирање и стандардизирање на земјоделското проеизводство во општина Струмица.
– Ангажман на двајца експерти за теренска и инклузивна работна активност во рамките на постигнувањето на целта за период од два месеци
– Извршени директни теренски посети и состаноци со земјоделското месно население и раководните структури од месните организации-заедници (стручно советодавен модел)
Проектот ке заврши со изготвување на Пет годишна Локална Стратегија и Акциски план за развој на Земјоделството во Струмица и струмичко.
Проектот е финансиран од Г1 програмата на Опшина Струмица за финансирање на граѓански организации.