Одржана трибина во с.Банско, на тема “Перспективи и можности за Органското производство во градинарството”
Настанот е дел од проектот “Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско, Муртино и Робово”
Главната цел на проектот е „ Воведување на нови технологии и знаења за квалитетно и здраво градинарско производство кај градинарите преку искористување на тековните програми и фондови ( ИПАРД ) за нови инвестиции.
На трибина беа презентирани можностите за органското производство во градинарството како основа за здрава храна, односно кој се предуслови треба да се исполнат за добивање на сертификат за органско производство.
Потоа беше презентиран начинот на аплицирање за тековните програми и ИПАРД фондови кој се наменети за подршка на земјоделските производители и кој услови и документи се потребни.
И на крај имаше презентирање на подобрувачи на својствата на почвата како еден од најважните фактори за квалитетно и здраво градинарско производство.
Овој проект се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија (ЕУ), спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Сo свои средства во проектот учествува и општина Струмица