Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ во рамките на проектот:
“Унапредување на земјоделското производство во Општина Струмица низ процес на Стратешко планирање за период 2019-2025 година со изработка на Пет годишна Стратегија со Акциски план за Унапредување и развој на земјоделското производство во Општина Струмица 2019-2025 година”, врши интензивни теренски посети и состаноци со локалното население од руралните места се со цел утврдување на моменталните потреби и проблеми на фармерите.
Главна цел на проектот е земјоделските производители од Струмица и струмичко во наредните пет години да бидат генаратори на локалната економија во Струмица и генератори на новите промени во земјоделството како дел од целокупната Аграраната политика во Република Македонија, заради високо квалитетни земјоделски и органски производи и во тој контекст остварување на стабилни финансиски приходи.
Убедени сме дека токму резултатите од истиот ќе бидат и добра практика и за останатите општини и региони како и на кој начин соодветно да ги надминуват и решаваат проблемите кои имплицираат поместувања во севкупниот општествен систем.
Проектот е финансиран од Г1 програмата на Општина Струмица.