Фокус група во с.Банско

На 24.09.2019 год. од 19 часот, во ОУ Маршал Тито во с.Банско се одржа Работилница со фокус група на тема : Секојдневни проблеми застапени кај земјоделците и изнаоѓање решение на  истите. 

На работилницата во с.Банско од страна на координаторот на проектот Борче Јанев присутните беа запознаени со главната цел на проектот и со тековните проектни активности.

Додека пак од страна на земјоделските производители бае искажани многубројните потреби и проблеми со кој се соочуваат жителите од руралните места.

Од страна на присутните беа спомнати повеке проблеми од кој ке ги издвоиме следниве:

-Проблемот со миграцијата и заминувањето на младите во странство

-Немање на доволно развиена комунална и патна инфраструктура

-Неорганизиран откуп на земјоделските производители

-Недоволна информираност за тековните повици и ИПАРД фондот

Од кординаторот на проектот на присутните им беше ветено оти за сите проблеми ке се понуди решение кое ке биде вметнато во стратегијата за унапредување на земјоделието 2020-2025 год

 

Овој проект е финансиран од Г1 програмата на Општина Струмица.