Јавен Повик
Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ СТРУМИЦА за потребите на проектот „Модерно и квалитетно градинарско производство во с.Банско, с.Муртино и с.Робово” објавува повик за ангажман на две лица:
- Аналитичар
- Истражувач
Ангажманот се однесува за период од три месеци и тоа февруари, март и септември, соскратено работно време, хонорарен-бруто месечен надоместок за изработени 40 часови месечно (20 работни дена месечно по 2 часа на ден)
Од избраниот кандидат ќе се очекува активностите да ги спроведува во соработка со и според насоки на проектниот тим, според работен план, кој индикативно вклучува:
- учество во истражувачко-аналитичарски активности за утврдување на моменталната состојба вос.Банско, с.Муртино и с.Робово;
- канцелариско истражување и развој на прашалник;
- собирање на информации и податоци од сите релевантни чинители на терен;
- вршење обработка на податоците и на информациите;
- вршење на анализа на добиените податоци.
Повикот е наменет за поединци (физички лица) за спроведување на активностите, како предност ќе се смета претходно работно искуство на проекти. Минималното ниво на образование на кандидатите е високо (завршен седми степен).Повикот е отворен до 14.02.2019 година.Вашите CV може да бидат доставени во просториите на здружението или електронски на proagrofarmeri@yahoo.com.
Целиот повик може да го погледнете на следниов линк Јавен Повик за истражувач и аналитичар финално-converted
Овој проект се спроведува како дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).