ЈАВЕН ПОВИК За ангажман на веб дизајнер

ЈАВЕН ПОВИК

За ангажман на веб дизајнер за изработка на информативен таб и објави во рамки на проектот „АгроРециклирај“

Здружението Проагро Фармери, во рамки на проектот „АгроРециклирај“, објавува јавен повик за ангажман на веб дизајнер за изработка и поставување на посебен информативен таб (web section) на постојната веб-страница, како и креирање визуелни објави за проектните активности.

🎯 Цел на ангажманот

Да се обезбеди професионална и транспарентна онлајн презентација на проектните активности, резултати и информации поврзани со циркуларна економија и управување со отпад.

📌 Опис на задачите

Избраниот веб дизајнер ќе биде задолжен за:

  • Изработка и дизајн на посебен таб/секција на веб-страницата посветена на проектот

  • Структурирање и поставување на информации (опис на проект, активности, резултати, фотогалерија, документи)

  • Обезбедување прилагоден и респознатлив дизајн (desktop и mobile верзија)

  • Креирање на визуелни објави (банери/графики)

  • Техничка поддршка и координација со проектниот тим

🧩 Потребни квалификации

  • Докажано искуство во веб дизајн и работа со CMS платформи (WordPress или слично)

  • Искуство во креирање информативни и проектни веб-секции

  • Способност за почитување на рокови

📅 Времетраење на ангажманот

Ангажманот ќе се реализира во период од 30 дена од потпишување на договорот.

💰 Начин на ангажирање

Ангажманот ќе биде реализиран преку договор за дело. Надоместокот ќе биде утврден согласно понудата и одобрениот буџет на проектот.

📄 Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратка биографија (CV)

  • Портфолио со претходни изработки

  • Контакт податоци

Апликациите да се достават на:
📧 proagrofarmeri@yahoo.com, или директно во канцеларијата на здружението
📅 Најдоцна до: 21.11.2026

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Проектот „АгроРециклирај“ е дел од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, спроведуван од PIN, АРНО, LEAD и Ековита, а финансиран од Европската Унија.