ЈАВЕН ПОВИК за ангажман на стручно лице за теренско-советодавни посети

📢 ЈАВЕН ПОВИК

За ангажман на стручно лице за теренско-советодавни посети

Здружението Проагро Фармери, во рамки на проектот „АгроРециклирај“, објавува повик за ангажман на стручно лице за спроведување на теренско-советодавни посети на земјоделски стопанства.

📌 Опис на ангажманот:

  • Посета на 20 репрезентативни земјоделски стопанства

  • Реализација на 5 посети месечно, во период од 4 месеци

  • Давање конкретни препораки за:
    ✔ Компостирање на органски отпад
    ✔ Повторна употреба на амбалажа и фолија
    ✔ Намалување на отпадот во процесот на производство

📌 Потребно:

  • Искуство во земјоделство

  • Практично познавање на циркуларни модели во агро секторот

  • Способност за работа на терен

Заинтересираните кандидати треба да достават CV и финансиска понуда.

📧 Апликациите се доставуваат на:
proagrofarmeri@yahoo.com
или директно во канцеларијата на здружението до 15.11.2026..

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Проектот „АгроРециклирај“ е дел од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, спроведуван од PIN, АРНО, LEAD и Ековита, а финансиран од Европската Унија.