Проектот носи иновативни решенија за намалување, повторна употреба и рециклирање на земјоделски отпад – од растителни остатоци, до пластика и амбалажа. Преку ефикасно управување со органски и неоргански отпад, заедно работиме на почиста животна средина, помало загадување и позелена иднина. Проектот опфаќа:
• Организирање едукативни обуки и јавни кампањи за циркуларна економија
• Акции за чистење, селекција и рециклирање на отпад
• Советодавна и практична поддршка за земјоделците
• Вклучување на младите и ранливите групи во зелени иницијативи

Цели на проектот:
• Намалување на земјоделскиот отпад преку системи за рециклирање и повторна употреба
• Подобрување на животната средина и создавање почисти земјоделски практики
• Активно вклучување на младите и ранливите групи во процесите на циркуларната економија Проектот „АгроРециклирај“ е дел од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, спроведуван од PIN, АРНО, LEAD и Ековита, а финансиран од Европската Унија.