Земjоделството и руралниот развоj се наоѓаат пред нов предизвик со каков што никогаш претходно не биле соочени, поради ново настанатата ситуација со КОВИД 19.
Според последните статистички податоци, учеството на земјоделско-прехранбениот сектор во вкупниот бруто-домашен сектор е околу 13 отсто и е на прво место заедно со трговијата.
Ова значајно учество го прави земјоделството еден од двигателите на македонската економија, токму овој показател за нас како здружение на земјоделски производители беше главен потик да делуваме во областа на земјоделието.
Земјоделството е единствена стопанска гранка што обезбедува примарни продукти за свежа консумација и суровини за преработувачката индустрија. Оттука, единствената неопходност се земјоделските активности во „време на корона“.
Во овие моменти очигледна е важноста на земјоделските производители, без разлика на нивната големина, и самостојноста на еден регион/земја да произведува доволно квалитетна храна за задоволување на потребите на своето населениe.
Здружението за унапредување и развој на земјоделието Проагро Фармери од Струмица започна со реализација на проектот “Информирани и безбедни фармери во услови на Пандемија од КОВИД 19”
Проектот ке се реализира во следниве 6 месеци на територијата на Општина Струмица.
Имено, главната цел ни е „Брзо прилагодување на земјоделците и закрепнување на земјоделското производство во Општина Струмица во услови на Пандемија од КОВИД 19”
Проектот е финансиран од Г1 програмата на Општина Струмица