Поради пандемијата на корона вирусот се појавија голем број на проблеми кои се однесуваат на земјоделството кои мора да бидат земени во предвид заради неминовните промени во таа гранка како фактор во целокупната економија.
Имплементацијата на нашиот проект со сигурност ќе биде придонес во потребните промени кај сите земјоделски производители од Општина Струмица ( а подоцна и во другите земјоделски региони ), особено во практикувањето и примената на новите концепти во земјоделството во услови на пандемија кои ќе потврдуваат зголемена заштита, организираност, стандардизираност и конкурентност и во тој контекст ќе придонесат кон стабилизацијата на пазарите и откупните цени.
Целта на проектот е една и се заснова врз три посебни или конкретни цели!
Имено, главната цел ни е „Брзо прилагодување на земјоделците и закрепнување на земјоделското производство во Општина Струмица во услови на Пандемија од КОВИД 19”
Ефектите предизвикани од COVID-19 имаат последици врз пазарот на земјоделските производи и начинот на работа во земјоделството и руралните средини.