Во рамки на проектот “Информирани и безбедни фармери во услови на пандемија од КОВИД 19” зружението Проагро фармери започнува со подготовка за директни посети на терен во кои ќе биде вклучено стручно лице за совети за заштита во земјоделието од КОВИД 19 и ке бидат дистрибуирани пакети со заштитни средства за фармерите.
Во новонастанатите услови земјоделските производители поради корона вирусот се судруваат со многубројни проблеми како што се:
-Ненавремено известување за најновите мерки кој се преземаат од државните инситуции;
-Проблем со пласман на производството;
-Несоодветна заштита при услови на пандемија;
-Намалени се и онака малите приходи кои што ги заработуваат поради намаленото присуство на пазар;
-Информатичката писменост е на минимум каj фармерите со чест на исклучоци, а и доста од нив во руралните средини ниту имаат пристап до интернет ниту пак соодветни уреди за да ги следат настаните on-line, па остануваат на маргините на информираноста и она што се случува секоjдневно;
-Заостанува работата на нивите, расадот, прихранувањето на дел од овошките затоа што движењето е ограничено;
Колку побрзо и попаметно се прилагоди земјоделството на новите правила, толку поуспешно ќе се справи и со последиците од пандемијата.
Проектот е финансиски подржан од програмата Г1 на Општина Струмица.