КОВИД-19 се шири главно преку близок контакт од човек на човек.
Вирусот што предизвикува КОВИД-19 се шири главно од човек на човек:
Помеѓу луѓе кои се во близок контакт едни со други (на околу два метри).
Преку респираторни капки произведени кога заразено лице кашла, кива или зборува.
Овие капки можат да паднат во устата или носот на луѓето кои се во близина или евентуално да се вдишат во белите дробови.
КОВИД-19 може да се шири од луѓе кои не покажуваат симптоми.
Вирусот не се шири лесно на други начини. Можеби е можно COVID-19 да се шири на други начини, но не се смета дека овие се главните начини на ширење на вирусот.
Можеби е можно некое лице да добие КОВИД-19 со допирање на површина или предмет на кој има вирус и потоа со допирање на сопствената уста, нос или евентуално на очите. Но не се смета дека ова е главниот начин на ширење на вирусот.
Објавата е дел од проектот “Информирани и безбедни фармери во услови на пандемија од КОВИД 19” финансиран од Г1 програмата на општина Струмица.