Здружението Проагро Фармери во рамките на своите проектни активности продолжи со имплементација на проектот “Информирани и безбедни фармери во услови на пандемија од Ковид 19”
Во третиот месец од реализација на проектот започнавме со теренски посети од страна на ангажирано стручно лице агроном кој ќе посети 100 репрезентативни земјоделски стопанства од Општина Струмица во текот на 4 месечниот период.
При посетите фармерите ќе добијат совети за заштита на производството а и на самите себе при услови на корона вирус, како неминовна потреба кон постигнување на промената во однос на организирано, стандардизирано и конкурентно земјоделско производство, преку градење на капацитетите на таргетираната целна група.
Во овој временски период од 4 месеци ( Октовмри-Јануари ) спроведуваме континуирани средби и состаноци со целната група во соработка со вклучен дополнителен стручен ресурс, согласно утврдената динамика заради директно влијание врз целната група во однос на посакуваната промена, односно заштита на земјоделските производители и промена на навиките на земјоделците.
Проектот “Информирани и безбедни фармери во услови на пандемија од Ковид 19” е финансиран од Г1 програмата на Општина Струмица.