ЃИ ПОТИКНУВАМЕ ДЕЦАТА ДА ГИ ЗАПОЗНААТ УБАВИНИТЕ НА СЕЛОТО.

Децата од градските средини  загушени од секојдневниот градски метеж и потиснати од напредокот на технологијата поминувајки го најголемиот дел од своето слободното време пред своите мобилни уреди е сериозен проблем кој им се заканува во нарушувањето на нивниот психофизичкиот развој.

Затварањето дома по цел ден сигурно не е добра идеја. Има бројни здравствени придобивки од излегувањето надвор – од подобрување на меморијата па се до подобрување на имунитетот. Овие придобивки се многу важни за децата чии тела и умови сè уште се во развиток. Истражувањето на природата и селата помага во градењето на самодовербата кај децата. Активностите како берење на овошје и качување на дрва може значително да ги подобри менталното здравје и самодовербата. Изложувањето на мали ризици кои произлегуваат од активности во селскиот двор и играњето надвор им помага на децата бидејќи ги подготвува за понатамошниот живот, додека предизвиците кои произлегуваат од забавата како гледање телевизија речиси и не постојат.

Со посетата на селото децата учесници во нашиот проектот ќе се вклучуват во секојдневните селско стопански дејности како: берба на овошје, зеленчук, билки, приготвување на традиционални јадења, информирање за локалните обичаи и празници, набљудувања или обука за локалните занаети, фолклор и др.

Затоа мораме да ѓи ПОТИКНУВАМЕ ДЕЦАТА ДА ГИ ЗАПОЗНААТ УБАВИНИТЕ НА СЕЛОТО.

Ваквите силни укажувања  беа мотив за нас преку проектни активности и други активации да ги анимираме земјоделските семејства за адаптација и прилагодување на своите домови за започнувајки нов бизнис нудејки најразлични услуги на луѓето од градските средини кој на соите деца ќе им понудат едно ново доживување. со развој на руралниот туризам и да ги поттикнеме заеднички да влијаеме на досегашните перцепции и сваќања на фармерите за неминовни промени во тој сектор за да заеднички ги решаваме потврдените проблеми во корист на сите нас како општествен систем, секако земајки ѓи сите придобивки и на двете страни и на понудувачите на услугите а и на корисниците на истите.

 

Проектната активност е дел од проектот “Убавините на селото” финансиски подржан од Г1 програмата на општина Струмица