Јавен повик за избор на највкусен мед “Меден Балкан 2024 “

ЈАВЕН МЕЃУНАРОДЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИМЕРОЦИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ВО ИЗБОР НА НАЈВКУСЕН МЕД “МЕДЕН БАЛКАН 2024”

Здружението “ Проагро Фармери” во рамките на “Агро Саем Струмица 2024” по третпат организира натпревар за избор на највкусен мед “Меден Балкан “ 2024

Чест и задоволство ни е да ве поканиме да учествувате во овогодинешниот натпревар за највкусен мед “Меден Балкан” 2024!

Нашата цел е да го промовираме врвниот квалитет на медот и да ги наградиме најдобрите производители кои ја негуваат традицијата.

Категории за учество :
1 Најдобар планински мед
2 Најдобар костенов мед
3 Најдобар багремов мед
4 Најдобар ливадски мед
5 Најдобар цветен мед
6 Најдобар мед со уникатен вкус

Критериуми за оценување :
• Вкус и арома
• Цврстина и текстура
• Изглед и боја
• Влажност

Услови за учество :
1. Пријавување – примероците се испраќаат со точно наведени податоци ( Име и презиме, адреса, тел.број и категорија во која се натпреварувате )
2. Испраќање на примерок – 250гр од вашиот мед на адреса :
Проагро Фармери
Ул. 24ти Октомври бб
Струмица
Тел.за контакт : 070/ 389-034 и 070/ 389 – 033
3. Датум за пријавување : 05.08.2024 – 10.09.2024 год.
4. Котизација: Пријавувањето се врши со уплата од 500 ден.

Придобивки за победниците :
• Пехар , златен медал и диплома за најдобриот во категорија.
• Златен медал и диплома за најдобрите 10 од секоја категорија
• Промоција на медиуми и на нашата веб страна
• Можност за учество на специјални настани и саеми

Резултати од натпреварот ќе бидат објавени на нашата веб страна www.proagro.mk

Победниците ќе бидат наградени на денот на настанот “Агро Саем Струмица 2024” .

Не ја пропуштајте оваа шанса да го покажете вашиот квалитетен мед и да се натпреварувате.

За сите дополнителни информации контактирајте не на 070/ 389-033 и 070/389-034 или директно во нашата канцеларија
ул.24ти Октомври бб Струмица (веднаш до Комуналец)

Ги очекуваме вашите примероци !
Со почит
Проагро Фармери