Третата работилница се одржа на 04.11.2024 год на пчеларникот на еден од највозрасните пчелари во Струмица кај Војо Кантраџиев кој заедно со ангажираното стручно лице ги споделија начините на пчеларење од најдоцните години па се до најновите техники на пчеларање.
Голема благодарност до сите учесници кој присуствуваа на пчеларникот на Војо Кантранџиев, еден од најискусните пчелари во општина Струмица! 

Имавме одлична можност да се запознаеме со уникатниот начин на пчеларење кој Војо го практикува, пренесувајќи ја семејната традиција од околу 200 години. Неговата посветеност и љубов кон пчелите не само што нè инспирираа, туку и ни отвори нови хоризонти во разбирањето на важноста на пчелите за нашата средина и екосистемот.
Токму со вакви активности сакаме да ја промовираме свеста за значењето на пчеларството и да поттикнеме заштита на нашите природни ресурси.
Ви благодариме што бевте дел од оваа незаборавна авантура и ги споделивте свои впечатоци и искуства!
Ќе продолжиме да работиме на иновации и едукации во областа на одржливото пчеларство.


