РАБОТИЛНИЦА – 4 – с.Трибичино

Четвртата работилница се одржа на 13.11.2024год во с.Трибичино на  пчеларникот на Ристо Јанев.

На оваа средба присутните од страна на домакинот и ангажираното стручно лице беа запознаени со Апи терапијата која се повеќе се препознава како природен и ефективен начин за подобрување на здравјето на луѓето, кориснте својства од и кој се придобивките од нивната посета и дишење на воздух од сандак преполн со пчели.

Благодариме на сите учесници што се приклучија и активно учествуваа во дискусиите за важните теми што ги опфатија бенефитите од Апи терапијата и тековните предизвици во процесот на зазимување на пчелите.
Апи терапијата се повеќе се препознава како природен и ефективен начин за подобрување на здравјето на луѓето.
Разговорите на средбата ни помогнаа да ги размениме искуствата и да се подготвиме за следната сезона, имајќи ги предвид сите предизвици со кои се соочуваме како пчелари.
Тимската работа и заедничките размислување се клучни за напредокот на пчеларството и за одржување на здрави и силни пчелни семејства.
Ние продолжуваме со нашата посветеност и веруваме дека со вакви средби и споделување на знаењето ќе го направиме пчеларството во нашата општина поблиско до сите.
Благодарност до Ристо Јанев за гостопримството и одличната организација, и на сите кои беа дел од оваа продуктивна и инспиративна средба!
Продолжуваме напред, за подобро пчеларство и здрави пчели!
Проектот е финансиски подржан од Г1 програмата на општина Струмица.