Со реализацијата на овој наш проект ги посигнавме следниве резултати
Резултат 1. Подобрен социо-економски статус кај новите пчелари:
- Значително зголемување на приходот на локалното население поради новите можности за вработување во секторот земјоделие
Резултат 2. Формирање на нови пчеларници а со тоа и економски раст:
- Се отворија 5 нови пчеларници до сега
- Диверзификација на локалните економски активности, намалување на зависноста од традиционалните, помалку одржливи форми на делување
- Воведување на нови производи поврзани со пчелите на локалните и регионалните пазари, зголемување на приливот на приходи за пчеларите.
- Поголема препознатливост на локалните пчеларски производи, што потенцијално ќе доведе до зголемена побарувачка и повисоки цени
Резултат 3. Зголемено знаење и вештини:
- Зголемени знаења и вештини за одржливи пчеларски практики кај 30тина пчелари и локални жители
- Развој на квалификувана работна сила способна за одржување и проширување на одржливите пчеларски операции
- Зголемена свест и разбирање за важноста на еколошката одржливост кај локалното население
Изработен прирачник за пчеларење наменет за почетнци
