АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025

Агро Саем Струмица оваа година има мал јубилеј, бидејќи ќе се одржи по петти пат и веќе прерасна во бренд, фестивал на храна, вино и мед, препознатлив печат, култен настан кој ја слави македонската храна и традиција, кој  го негуваме секоја година.

Целта е да го покажеме нашето богатство и потенцијал за развој којшто го имаме во нашите полиња низ нашите пасишта, бидејќи малите производители може се мали по капацитет, но се големи по квалитет

Со планираните активности на Агро Саем Струмица 2025 ќе придонесеме кон долгорочен одржлив развој на руралните средини во Македонија преку зајакнување на малите земјоделски стопанственици за производство и пласман на производи и услуги според потребите на купувачите, тоа е и една од нашата главна цел со овој настан.

Со ова наша манифестација сакаме и да го промовираме домашното производство,  да ја подигнеме свеста за домашно произведената храна и да овозможиме зајакнување на соработката и довербата помеѓу сите кои се вклучени во синџирот на земјоделско производство, бидејќи храната е нашиот индетитет.

Учесниците на саемот ( на претходниот саем имаше околу 100тина изложувачи од земјава и странство ) ќе имаат можност да ги представат своите производи пред големиот број на посетители од земјава и странство ( ланската година имаме голем број на организирани посетители со автобуси од Бугарија и Србија ) а со тоа и да добијат нови купувачи на своите производи со што пак ќе ја зголемат продажбата а со тоа и своите приходи.

Посетителите на штандовите пак ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните Македонски земјоделски производи. Саемот ќе ги собере најзначајните компании во агро бизнисот и најголемите производители на храна од регионот, саемот ќе биде неизбежно место за средба на земјоделските производители од земјата и од регионот и ќе овозможи зајакнување на соработката и довербата помеѓу сите кои се вклучени во синџирот на земјоделско производство.

Саемот е одлична можност каде што фармерите ќе го претстават автентичниот начин на производството на градинарски производи, храна, вино, мед, додека пак претпријатијата од агро секторот и увозниците на механизација ќе ги претстават последните технолошки достигнувања во производствениот процес.

Претпријатијата од агро секторот кој ќе бидат учесници на саемот со своите производи ќе имаат можност за зголемување и унапредување на својата продажба и остварување на деловни контакти со другите изложувачи на саемот.