Одржан АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025

Благодарност до сите излагачи, посетители, партнери и поддржувачи кои беа дел од Агро Саем Струмица 2025! 🙏
Вашето присуство, ентузијазам и посветеност придонесоа овој настан да биде повеќе од само саем – вистинска платформа за поврзување, размена на знаења и унапредување на агро-секторот во нашата земја. 🇲🇰
Благодарение на вас, Струмица повторно го потврди своето место како центар на земјоделството и иновациите во оваа област. 🌱
Огромна благодарност до Општина Струмица и МЗШВ за моралната и финансиска поддршка.
Со нетрпение го очекуваме следното издание – уште поголемо, поуспешно и поповрзано! 💪