ЈАВЕН ПОВИК
За ангажман на веб дизајнер за изработка на информативен таб и објави во рамки на проектот „АгроРециклирај“
Здружението Проагро Фармери, во рамки на проектот „АгроРециклирај“, објавува јавен повик за ангажман на веб дизајнер за изработка и поставување на посебен информативен таб (web section) на постојната веб-страница, како и креирање визуелни објави за проектните активности.
🎯 Цел на ангажманот
Да се обезбеди професионална и транспарентна онлајн презентација на проектните активности, резултати и информации поврзани со циркуларна економија и управување со отпад.
📌 Опис на задачите
Избраниот веб дизајнер ќе биде задолжен за:
-
Изработка и дизајн на посебен таб/секција на веб-страницата посветена на проектот
-
Структурирање и поставување на информации (опис на проект, активности, резултати, фотогалерија, документи)
-
Обезбедување прилагоден и респознатлив дизајн (desktop и mobile верзија)
-
Креирање на визуелни објави (банери/графики)
-
Техничка поддршка и координација со проектниот тим
🧩 Потребни квалификации
-
Докажано искуство во веб дизајн и работа со CMS платформи (WordPress или слично)
-
Искуство во креирање информативни и проектни веб-секции
-
Способност за почитување на рокови
📅 Времетраење на ангажманот
Ангажманот ќе се реализира во период од 30 дена од потпишување на договорот.
💰 Начин на ангажирање
Ангажманот ќе биде реализиран преку договор за дело. Надоместокот ќе биде утврден согласно понудата и одобрениот буџет на проектот.
📄 Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
-
Кратка биографија (CV)
-
Портфолио со претходни изработки
-
Контакт податоци
Апликациите да се достават на:
📧 proagrofarmeri@yahoo.com, или директно во канцеларијата на здружението
📅 Најдоцна до: 21.11.2026
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Проектот „АгроРециклирај“ е дел од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, спроведуван од PIN, АРНО, LEAD и Ековита, а финансиран од Европската Унија.