📢 ЈАВЕН ПОВИК
За избор на стручно лице за спроведување обуки за одржливо управување со отпад
Здружението Проагро Фармери, во рамки на проектот „АгроРециклирај“, објавува јавен повик за избор на стручно лице за организирање и спроведување на 4 обуки за фармери, ученици и граѓани на тема одржливо управување со отпад и циркуларна економија.
🎯 Цел на ангажманот
Ангажираното стручно лице ќе има задача да подготви и реализира 4 интерактивни обуки со практичен пристап, со цел зголемување на знаењето и примената на одржливи практики за намалување, селекција, повторна употреба и рециклирање на отпадот.
📌 Опис на задачите
-
Подготовка на програма и материјали за обука
-
Реализација на 4 обуки (презентации и практични демонстрации)
-
Прилагодување на содржината според целната група (фармери, ученици, граѓани)
🧩 Потребни квалификации
-
Високо образование во областа на животна средина, земјоделство или сродна област
-
Докажано искуство во спроведување обуки или едукативни активности
-
Познавање на теми поврзани со управување со отпад и циркуларна економија
-
Добри комуникациски и презентациски вештини

📅 Рок за аплицирање
Повикот е отворен до 10.01.2026 година.
📄 Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
-
CV
Апликациите може да се поднесат:
📧 По електронски пат на: proagrofarmeri@yahoo.com
или
📍 Директно во канцеларијата на здружението Проагро Фармери
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Проектот „АгроРециклирај“ е дел од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, спроведуван од PIN, АРНО, LEAD и Ековита, а финансиран од Европската Унија.