📢 ЈАВЕН ПОВИК
За ангажман на стручно лице за теренско-советодавни посети
Здружението Проагро Фармери, во рамки на проектот „АгроРециклирај“, објавува повик за ангажман на стручно лице за спроведување на теренско-советодавни посети на земјоделски стопанства.
📌 Опис на ангажманот:
-
Посета на 20 репрезентативни земјоделски стопанства
-
Реализација на 5 посети месечно, во период од 4 месеци
-
Давање конкретни препораки за:
✔ Компостирање на органски отпад
✔ Повторна употреба на амбалажа и фолија
✔ Намалување на отпадот во процесот на производство
📌 Потребно:
-
Искуство во земјоделство
-
Практично познавање на циркуларни модели во агро секторот
-
Способност за работа на терен
Заинтересираните кандидати треба да достават CV и финансиска понуда.
📧 Апликациите се доставуваат на:
proagrofarmeri@yahoo.com
или директно во канцеларијата на здружението до 15.11.2026..
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Проектот „АгроРециклирај“ е дел од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, спроведуван од PIN, АРНО, LEAD и Ековита, а финансиран од Европската Унија.