Јавен повик

Организатор: Здружение Проагро Фармери
Проект: GREENHUB4IDEA
Датум на одржување: 28 Април 2026, 11часот
Место: Младински Центар – Струмица
Рок за пријавување: 22 Април 2026

1. ЗА НАТПРЕВАРОТ

Здружението Проагро Фармери, во рамките на проектот GREENHUB4IDEA, Ве поканува да учествувате на натпреварот за Зелени Бизнис Идеи – настан наменет за сите средношколци од Струмица кои имаат иновативни идеи со зелен и одржлив карактер.
Натпреварот претставува уникатна можност за младите да ги претстават своите идеи пред стручна публика, да стекнат практични искуства и да се натпреваруваат за атрактивни парични награди.

2. КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

На натпреварот можат да учествуваат сите заинтересирани средношколци од Струмица. Учесниците треба да се организираат во тимови составени од 3 до 5 членови.

3. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

Бизнис идеите ќе бидат оценувани според следните критериуми:
  • Иновативност – оригиналност и креативност на предложената идеја
  • Изводливост – практична применливост на идејата

4. НАГРАДИ

За најдобро рангираните тимови предвидени се парични награди за прво, второ и трето место.

5. ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните тимови може да се пријават:
  • Лично – во просториите на здружението Проагро Фармери
  • Е-пошта: proagrofarmeri@yahoo.com
Рокот за пријавување е 22 Април 2026 година.

6. ЗА ПРОЕКТОТ

Настанот е организиран од Здружение Проагро Фармери во рамките на проектот GREENHUB4IDEA, кој е дел од проектот:
„RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Македонија” имплементиран од Младински Сојуз – Крушево, со поддршка на Европската Унија за граѓанското општество и медиумските организации во Македонија – ИПА Програма за граѓанско општество 2022–2023.
За сите дополнителни прашања и информации, обратете се на: proagrofarmeri@yahoo.com