Анализа за ефектот од државните субвенции
Земјоделците не ги добивале субвенциите навреме, поддршката се исплаќала стихијно, а не според она што го бара пазарот. Процедурите за аплицирање, исплата и контрола на субвенциите е сложена и не е согласно европската пракса. Ова се клучните заклучоци содржани во анализата за ефектот од субвенциите во земјоделството, што изминативе неколку месеци ја изготвуваа експерти од ЕУ. Според анализата, во изминатите десет години субвенциите дале најголем ефект во сточарството, додека најмал во растителното производство. Затоа, според европските експерти, кај нас треба да се промени шемата за субвенционирање.
„Првичните резултати од нашата анализа покажуваат дека шемите за директна поддршка и за субвенции во земјоделството коишто се спроведувале во минатото биле доста сложени и со тоа се отежнувала и административната работа, но и навремената исплатата“, рече Салваторе Карфи, Експерт од ЕУ.
Експертите порачуваат субвенциите да се користат за реинвестиции во фармите и да се зголеми поддршката за малите земјоделци кои обработуваат помалку од еден хектар земја. Извозот растел, но увозот растел многу побрзо. Инаку, во однос на актуелните субвенции, Владата одлучи да воведе интервентна субвенција од дополнителни 7 денари по килограм за конзервните фабрики ако откупат домати. Причината е тоа што во моментов доматите од Македонија не се откупуваат доволно, односно има помал пласман и понизок квалитет.
Напишете коментар