Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ започна со подготовките за реализација на проектот:
“Органско производство – Зголемени и стабилни финансиски приходи на земјоделците – Здрава нација”
Ние како Здружение кое располага со стручен тим бевме мотивирани да развиеме проект од особено значење за локалната заедница се со цел да придонесеме во процесот на промовирање на еден моментално најсовремен и најактуелен концепт на земјоделско производство а тоа е “Органското производство” кое нуди нови можности, сигурни и стабилни финансиски приходи на земјоделците.
Во периодот на имплементација на проектот ке бидат организирани трибини и обука на тема “Органско производство, нова можност и иднина во земјоделието”
Проектот е финансиски подржан од програмата G1 на општина Струмица