Називите „органски“, „биолошки“ и „еколошки“ се синоними. Тие значат дека целиот производствен процес е строго контролиран со што секој органски производ добива сертификат за квалитет и потекло.
Сертификатот значи дека производот исполнува строги услови: не смее да содржи никакви вештачки и хемиски состојки, тие не смеат да се користат ниту за ѓубрење на почвата ниту за заштита од штетници, има и многу строги ограничувања во примената на антибиотици кај добитокот и на адитиви и конзерванси во конечниот производ, апсолутно е забранета употребата на генетски модифицирани организми, површината на која се одгледува најмалку две претходни години не смее да биде третирана со недозволени препарати и мора да има јасно означени граници
односно растенијата да се заштитени од можна контаминација од препаратите кои се користат на соседните површини.
Само 0,56 отсто од обработливото земјиште во Македонија во моментов отпаѓа на растително органско производство, а проекциите до 2020 година, согласно стратегијата за рурален развој, се четири проценти.