Завршен настан на проектот “Промоција на органското производство-Зголемени и стабилни приходи на земјоделците-Здрава нација.”
Главна цел на овој проект е
Зголемување на приходите на земјоделците преку примена на можностите за органско производство и во таа насока унапредување на здравјето на граѓаните!
Додека пак како Конкретни цели на проектот се издвојуваат:
- Промовирање на можностите за органско производство и
- Зголемување на свеста за примена на органски заштитни средства.
Напочеток проектот започна со :
- Истражувачки активности за утврдување на реалната состојба каде што извршивме анкета за познавањата и придобивките од органскиот начин на производство и кај земјоделските производители и кај конзументите на храна.
Од истражувањето и извршената анкета утврдивме:
кај конзументите на храна:
- – 80% сакаат да користат органски производи
– 17% сеедно им е какви производи користат
– 3% не сакаат Органски производи
кај производителите:
- – 70 % слушнале за органско производство но немаат конкретни информации за истото
– 10 % воопшто не се запознаени со Органското производство
– 20 % се заинтересирани за Органско производство
- Потоа продолживме со Одржување на информативни трибини и работилници каде го промовиравме Органското производство како можност и иднина во земјоделствотo
- Потоа вршевме теренски посети со експерти од областа на органското производство, заради препознавање на проблемите на земјоделските призводители кои се занимаваат со конвенционално земјоделско производство
- Креиравме и web апликација со соодветни информации кои се однесуваат на органското производство. Каде што ке видите информации за моменталната Состојба на органското производство во Македонија
- Фуражни култури 26%
- Житни култури 33%
- Овоштарници 15%
- Градинарство и лозарство 3%
- Број на органски производители 654
- 2900 хектари вкупно сертифицирана производна површина
После 7 месеци од имплементацијата на проектот ги постигнавме следниве резултати:
- Го подигнавме нивото на интерес на земјоделските производители кои се занимаваат со конвенционално земјоделство во однос на органското производство
- Го зголемивме нивото на примена на органски сертифицирани производи односно средствата за заштита
- Го подигнавме нивото на информираност и знаење кај производителите
- Го зголемивме интересот и знаењето на земјоделците за важноста за промена на конвенционалното производство во органско
- Го зголемивме нивото на поврзување на органопроизводителите и нивното заедничко делување преку честите контакти и меѓусебна соработка на информативните сесии и состаноци .
На крајот од настанот на членовите од здружението кој овие 7 месеци не следеа и започнаа со практикување на органскиот начин на производство ке им бидат доделени сертификати.