Информирани и безбедни фармери во услови на КОВИД 19
Земjоделството и руралниот развоj се наоѓаат пред нов предизвик со каков што никогаш претходно не биле соочени, поради ново настанатата ситуација со КОВИД 19.
Според последните статистички податоци, учеството на земјоделско-прехранбениот сектор во вкупниот бруто-домашен сектор е околу 13 отсто и е на прво место заедно со трговијата.
Ова значајно учество го прави земјоделството еден од двигателите на македонската економија, токму овој показател за нас како здружение на земјоделски производители беше главен потик да делуваме во областа на земјоделието.
Земјоделството е единствена стопанска гранка што обезбедува примарни продукти за свежа консумација и суровини за преработувачката индустрија. Оттука, единствената неопходност се земјоделските активности во „време на корона“.
Во овие моменти очигледна е важноста на земјоделските производители, без разлика на нивната големина, и самостојноста на еден регион/земја да произведува доволно квалитетна храна за задоволување на потребите на своето населениe.
Во новонастанатите услови земјоделските производители поради корона вирусот се судруваат со многубројни проблеми како што се:
-Ненавремено известување за најновите мерки кој се преземаат од државните инситуции;
-Проблем со пласман на производството;
-Несоодветна заштита при услови на пандемија;
-Намалени се и онака малите приходи кои што ги заработуваат поради намаленото присуство на пазар;
-Информатичката писменост е на минимум каj фармерите со чест на исклучоци, а и доста од нив во руралните средини ниту имаат пристап до интернет ниту пак соодветни уреди за да ги следат настаните on-line, па остануваат на маргините на информираноста и она што се случува секоjдневно;
-Заостанува работата на нивите, расадот, прихранувањето на дел од овошките затоа што движењето е ограничено;
Колку побрзо и попаметно се прилагоди земјоделството на новите правила, толку поуспешно ќе се справи и со последиците од пандемијата.
Поради пандемијата на корона вирусот се појавија голем број на проблеми кои се однесуваат на земјоделството кои мора да бидат земени во предвид заради неминовните промени во таа гранка како фактор во целокупната економија, токму затоа сакаме да придонесеме кон соодветни промени во локалната заедница токму во сверата на земјоделието, за да придонесеме кон информирањето и заштитата на фармерите и унапредување на истото во корист на директните и индиректните корисници за да постигнеме одредени достигнувања кои силно ќе влијаат на заштита и информирањето на луѓето, како на регионално, така и на национално ниво!