Програма

Согласно член 16 од Законот за здруженија  и фондации (Службен весник бр. 52/2010) Собранието на основачите на Здружението на ден 12.02.2021 ја донесе следнава

 

 

П Р О Г Р А М А

За дејствување на Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ од Струмица за 2021 година

 

 

Визијата на Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ од  Струмица е:

Здружено и модерно земјоделско производство.

Мисијата на Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ од Струмица е:

Застапување, заштита и остварување на интересите и правата на земјоделските производители во Р.Македонија и зачувување на животната средина.

 

Стратешки цели на Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ  се:

-Развој на современо и високо квалитетно земјоделско производство

-Советодавни услуги на фармери

-Финансиска едукација на фармерите за искористување на домашни и европски                                                                                                       фондови

-Заштита, подршка, едукација и техничка помош на малите фармери

-Зачувување и унапредување на животната средина

-Развој и унапредување на селскиот туризам

-Промоција и презентација на земјоделието и развивање на руралните средини

-Организирање, координирање и стратешко планирање на работата за    остварување на профитабилно градинарско произвотсво.

-Зајакнување на материјалните и техничките капацитети на фармерите преку заеднички настап пред откупувачите, преработувачите и институциите.

-Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики и нивно вмрежување.

-Спроведување на истражувања и анализи.

-Организирање на обуки и едукативни трибини.

-Публикување на информативен и промотивен материјал.

-Организирање на Саем и учество на манифестации.

-Соработка со локални и државни власти, институции и компании.

-Соработка и партнерства со други здруженија во Македонија.

-Промоција и подршка на други локални и меѓународни проекти.

 

Здружението за унапредување и развој на земјоделието ПРОАГРО ФАРМЕРИ во 2020 година ќе ги реализира следниве активности:

 

  1. Аплицирање на повикот Г1 од програмата на Општина Струмица;
  2. Организирање на Агро-Саем;
  3. Аплицирање на тековни повици кој се значајни за нашата област на делување;
  4. Лобирање кај надлежните институции за унапредување и развој на земјоделието.
  5. Зголемување на бројот на членовите, преку анимирање на фармерите;
  6. Барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа;
  7. Медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението;
  8. Други прашање кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината ќе се појават како важни за решавање;
  9. Соработка со слични организации од земјава и од странство;
  10. Учество и посета на агро саеми
  11. Изработка на проекти за унапредување на земјоделието и заштита на животната средина.

 

 

12.02.2021 година                                                         Здружение за унапредување

Струмица                                                                               и развој на земјоделието

                                                                                                      ПРОАГРО ФАРМЕРИ

 

 

 

                   Претседател  

 

                                                                                  …………………………………….

Проагро Фармери низ бројки

356

Задоволни клиенти

298

Советодавни услуги

188

Посетени клиенти

167

Членови

Контакт

Здружение на земјоделци за унапредување и развој на земјоделието

24 Октомври бб, Струмица (во близина на Комуналец)

070 389 034

proagrolider@yahoo.com

Поставете прашање

Слободно обратете ни се кога имате потреба од нас!