Како главен резултат од реализацијата на главните цели од реализацијата на проектот, во следните периоди жените и младите од руралните средини на општина Струмица ќе станат предводници во искористувањето на тековните владини програми и средства, а ќе да бидат промотори на квалитетно земјоделско производство со примена на нови технологии во производството, зголемени земјоделски приходи и стабилни и сигурни финансиски средства преку промена на претходниот застарен концепт и модел на земјоделско производство во функција на ново организирано, стандардизирано и конкурентно производство
Резултат 1.
Утврдена е моменталната состојба за учеството на жените и младите во земјоделското производство во општина Струмица
Резултат 2.
Воведени нови производи и технологии во производството кај жените и младите земјоделци со користење на тековни програми и фондови (ИПАРД) за инвестиции во современи методи на производство и остварување повисоки приходи.
Овој проект е поддржан со грант од Европската Унија во рамки на проектот Платформа за инвестиции во заедницата Community Investment Platform – CIP , кој се спроведува од Фондацијата Албиз