Мачен е животот земјоделски

„Мачен е животот земјоделски, горчлив е лебот на земјоделецот. Само тој што не работел земјоделие, не го знае ова. Во Македонија станува се’ потешко да се преживее од земјоделието. Затоа и младите бегаат, не сакаат ни да слушнат да останат в село и да го продолжат она во што го вложувале нивните родители целиот свој живот. Овде не гледаат ниту надеж, ниту перспектива. Селата, полека, но сигурно, се испустија. Во нив се’ помалку има живот, оти се’ помалку млади има“. Ова се само дел од животните приказни на македонските земјоделци, кои тврдат дека „белата чума“ се’ повеќе си го земала својот данок.

Македонските ниви ги обработуваат земјоделци, чија просечна старост е 58 години. Младите не се заинтересирани за производство на храна во своите села, затоа нивниот број секојдневно се намалува. 

Наместо на нивите голем број од  младите се почесто својата иднина ја гледаат надвор од државата или во некоја друга област, овој тренд кој трае повеќе  години во комбинација со  нестабилните цени и откуп може сериозно да придонесат за намалување на земјоделското производство, поради покачувањето на старосната граница кај земјоделските производители голем број од површините остануваат и необработени.

Сметаме дека овој проект е од особено значење за локалната заедница бидејки наметнува иновативност во однос на градењето и спроведувањето на идните локални економски политики на општината во однос на младите и со долгорочно влијание врз развој на руралните средини.

Проектот е финансиски поддржан од Г1 програмата на општина Струмица