Струмица – земјоделско подрачје

Имајќи предвид дека општина Струмица е земјоделско подрачје каде локалната економија во голем и значаен дел се заснова токму на земјоделството, со реализацијата на овој наш проект ќе придонесеме за унапредување на истиот во корист на младите и ќе постигнеме одредени достигнувања кои силно ќе влијаат на нивната мотивација, едукација и промена на свеста, почнувајќи од користење на тековните програми и фондови за нивна подршка и примена на иновации и нови современи технологии кои сигурно ќе значат здрава храна, зголемен приход, квалитетно производство и зголемено, доверливо и стабилни финансиски средства и во таа насока ќе постигнеме силно долгорочно влијание за нивните претприемачки способности а и врз другите земјоделци и млади, особено во рамките на промената на навиките и начинот на производство, како на локално така и на национално ниво.

Знаења засновани на јавно достапни информации, статистички бројки и показатели од многуте извештаи на домашни и меѓународни организации кои се занимаваат со истражување и анализа, укажуваат на се повеќе слабости во севкупниот начин на производство, што подразбира проблеми кои мора да се надминат. а се решава со зголемување на вклученоста на младите во одлучувањето и со започнување со примена на нови концепти, модели и стандарди, особено новите технологии во земјоделството –  преку користење на активни програми и средства за нивна поддршка и на тој начин добивање здрави и квалитетни производи, со кои младите нема да бидат само неми набљудувачи на состојбите во семејството, туку ќе прераснат во претприемачи кои ќе ја подобрат севкупната економска состојба на семејството, и ќе започнат да размислуваат за тоа како да остваруваат повеќе приходи користејќи нови технологии и расположливи средства за нивна поддршка.  

Проектот ” Младите-иднината на земјоделието” е финансиран од Г1 програмата на општина Струмица