Жената фармер лидер и пример за младите

Здружението Про Агро Фармери започнува со со реализација на нов проект насловен –Жената фармер лидер и пример за младите-.

Главната цел на проектот
„Жената фармер станува лидер во семејството и со тоа пример за младите за започнување и воведување нови знаења и технологии за здраво и квалитетно производство преку воведување нови технологии и производи со помош на користење на тековните програми и средства наменети за поддршка на жените и младите.
Резултат 
Воведени нови производи и технологии во производството кај жените и младите земјоделци со користење на тековни програми и фондови (ИПАРД) за инвестиции во современи методи на производство и остварување повисоки приходи.

Aктивности
-Изработка на специјална веб-алатка (на постоечката веб-страница на здружението Проагро фармери) со потребни информации за начините на аплицирање и потребната документација за јавните повици наменети за поддршка на жените и младите.
-Изработка на прирачник за потребните документи и како да се аплицира за програмите и ИПАРД фондот, со посебен фокус на поддршка на жените и младите.

– теренски советодавни активности и состаноци за нови технологии и инвестиции во земјоделството
-Обуки за подготовка на документи за програми и фондови за поддршка на жени и млади земјоделски производители

Овој проект е поддржан со грант од Европската Унија во рамки на проектот Платформа за инвестиции во заедницата – Community Investment Platform – CIP , кој се спроведува од Фондацијата Албиз во партнерство со Центар за истражувања и анализи НОВУС

#ProagroFarmeri
#Albiz
#Cip
#Novus