Успешно ја реализиравме последната работилница во рамки на проектот „АгроРециклирај“! ♻️🌱
На 15 април 2026 година ја одржавме завршната едукативна работилница посветена на циркуларната економија, намалувањето на отпадот и одржливото управување со ресурсите во земјоделството.
На работилницата учествуваа ученици, земјоделци, жени од рурални средини и претставници на локалната заедница, кои имаа можност да разменат искуства и да стекнат практични знаења за:
✅ компостирање на органски отпад
✅ повторна употреба и селекција на отпад
✅ намалување на пластичен отпад во земјоделството
✅ примена на циркуларни практики во секојдневното производство
Преку проектот „АгроРециклирај“ заеднички придонесовме кон подигнување на еколошката свест и создавање поодржлива локална заедница.
Им благодариме на сите учесници, партнери и поддржувачи за активното учество и придонес во реализацијата на проектот! 💚





