ИЗВОЗНИ ПАЗАРИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Извозот на свежо овошје и зеленчук од Македонија изминатата година достигна 150 милиони евра

Ако се анализира извозот на свеж зеленчук најголем девизен прилив од нешто над 15 милиони евра се прави од извозот на домати. Ако се анализира извозот на домати најголем дел, речиси половина оди на рускиот пазар. Лани во Русија се извезле свежи домати во вредност од 7,5 милиони евра. Втор најголем извозен пазар за македонските домати е Србија, каде лани се извезле 4,17 милиони евра. Следи Бугарија каде лани извозот на домати бил 781 илјади евра, во Босна и Херцеговина лани се извезени домати во вредност од 479.578 евра, во Црна Гора 434.858 евра, во    Косово биле извезени 395.098 евра. Потоа следат Грција, Полска, Хрватска, Словенија.

Ако се анализира извозот на свежо овошје од Македонија најголем извозен прилив се прави од извозот на свежо грозје. Лани Македонија извезла свежо грозје во вредност од 11,95 милиони евра. Најголем пазар за македонското грозје e Србија каде лани е продадено грозје во вредност од 4,98 милиони евра. Втор најголем пазар за македонското грозје е Босна и Херцеговина каде лани биле продадено грозје во вредност од 1,43 милиони евра. Следи Црна Гора каде лани имало извоз на свежо грозје од 930 илјади евра, Албанија со годишен извоз на грозје од 702 илјади евра, Косово со извоз од 689 илјади евра, Русија каде е направен извоз од 679 илјади евра. Романија каде лани било извезено грозје во вредност од 515 илјади евра. Македонското свежо грозје лани се продавало и во Бугарија, Белорусија, Србија, Латвија, Хрватска. Чешка…

 

 

Статијате е преземена од неделникот Капитал