Мерка 1: ИНВЕСТИЦИИ ВО МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА

Корисници:

  1. Земјоделско стопанство
  • Физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство);
  • Индивидуален земјоделец – ИЗ;
  • Правно лице.
  1. Задруги

Производствени капацитети со кој треба да располага барателот:

Растително производство

  • Минимум 0,1 ха за инвестиции во расадници;
  • Минимум 0,3 ха за инвестиции во повеќегодишни култури и пластеници;
  • Минимум 0,5 ха за инвестиции во градинарско производство на отворено;
  • Минимум 1 ха за инвестиции во житарици, индустриски култури и фуражни култури;
  • Минимум 1 ха во случај на инвестиции во земјоделска механизација.

Сточарско производство

  • 5 крави/12 телиња за инвестиции во говедарство;
  • 15 овци/кози за инвестиции во овчарство/козарство;
  • 16 маторици/300 прасиња за инвестиции во свињарство;
  • 1 400 бројлери/700 несилки за инвестиции во живинарство (со исклучок на патки, гуски, мисирки, фазани, ноеви, ему и бисерки).

 

Кај сточарското производство бараниот капацитет треба да биде достигнат на крајот на инвестицијата.

Прифатливи инвестиции:

  • Конструкција/реконструкција на објекти за производство или помошни објекти;
  • Конструкција/реконструкција на објекти кои се користат за пост-бербени активности и преработка на земјоделски производи;
  • Набавка на повеќегодишни растенија;
  • Набавка на нови машини и опрема;
  • Објекти и опрема за наводнување;
  • Набавка на специјализирани транспортни приколки;
  • Инфраструктура на земјоделско стопанство.

НАПОМЕНА:

НАБАВКА НА ТРАКТОРИ НЕ Е ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА ОД ОВАА МЕРКА