објавен е Јавен повик за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси” преку кој во наредниот период на микро и малите претпријатија на располагање им се 9,6 милиони евра за реализација на инвестиции во повеќе сектори.
ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ
- Алтернативно земјоделско производство – (одгледување на печурки и тартуфи, хортикултура, производство на семенски и саден материјал, одгледување на зајаци, полжави, птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки тетреби, ноеви, емуа и бисерки, дивеч, пчели, одгледување на зачински и ароматични растенија, насади на дрвја за дрвена граѓа и био-маса (брзо растечки), аквакултурни фарми за слатководна риба.
- Производство на прехранбени производи и пијалаци – (со исклучок на инвестиции кои се прифатливи по другите мерки од ИПАРД Програмата)
- Производство на не-прехрамбени производи – (сите дејности согласно листата на дејности која е Прилог 14 на ИПАРД Програмата)
- Развој на занаетчиски активности – (во согласност со Правилникот за начинот на определување на активности кои можат да се вршат со занаетчиство)
- Обезбедување на услуги во земјоделството – (ветеринарна дејност, работилници за одржување и поправка на земјоделска механизација и опрема, услуги за изнајмување на земјоделска механизација и машини)
- Развој на услуги за руралното население – (услуги за поправка и одржување, за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн), за дневно згрижување на деца, образовни, информатички, спортско-рекреативни центри и сл.)
- Промоција на руралниот туризам – (сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови, готвење и служење на храна, соби за дегустација/продажба, рурални музеи, простории за семинари/обуки, едукативни фарми, рекреативни активности за туристите)
- Производство и продажба на енергија од обновливи извори: (соларна и ветерна енергија, преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, освен биомаса од рибни производи, производство на био-гориво, преработка на шумска биомаса).
СОПСТВЕНОСТ НА ЗЕМЈИШТЕ/ОБЈЕКТИ
За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:
- Сопственост или
- Договор за закуп (најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето);
СПЕЦИФИЧНИ КРИТЕРИУМИ
Инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.
Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели за сместување и/или ресторански услуги се ограничени на:
- 10 соби (20 гости);
- 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости);
- 50 гости за ресторански услуги.
Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели за сместување и/или ресторански услуги се ограничени на:
- 20 соби (50 гости);
- 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости);
- 150 гости за ресторански услуги
ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ
- Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
- Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
- Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
- Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
- Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
- Инфраструктурно уредување.
ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
- Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект – 1.500 €
- Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект – 1.000.000 €
Крајниот рок за поднесување на барањата е 22 август 2021 година.
Сите заинтересирани за повеќе информации може да се обратат во канцеларијата на “Проагро Лидер” или на
тел.број 070 389 034.