Во разговор со земјоделците од струмичкиот регион, потенцирав дека преземаме активни мерки за зголемување на цената на доматот. Токму затоа ги зголемивме субвенциите за предадени домати во преработувачки капацитети на 7 денари од килограм. Исто така ја следиме побарувачката и понудата за сите други земјоделски производи и продолжуваме со редовни средби со сите засегнати страни. Деновиве на терен ќе излезат тимови на #МЗШВ, се со цел скенирање и анализа на моменталната ситуација и согласно резултатите да носиме адекватни мерки. Само на овој начин можеме да креираме ефикасни политики, кои вистински ќе одговорат потребите на земјоделците.