Подготвителен период за сите кои сакаат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделствоото и руралниот развој, ги информира сите земјоделци, занаетчии, мали фарми и фирми дека од денеска почнува да тече подготвителниот рок за прибирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање и добивање на финансиска поддршка преку мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 програмата.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека согласно програмата, сите заинтересирани ќе може да поднесат барања за модернизација на постојните или отворање на нови погони за:
„ Производство на прехрамбени производи и пијалоци, занаетчиски дејности, развој на услуги за руралното население како и промоција на руралниот туризам. Ова значи дека со средствата од Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси “ ќе може да се отвораат нови или да се модернизираат погони за тестенини, колачи, да се отворат или унапредат фарми за одгледување на зајаци, дивеч, полжави, слатководни риби, насади за дрва и дрвна маса, како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги и сместувачки капацитети.“ – појаснува Бачовски.
Согласно програмата 65% од прифатливите трошоци за реализиација на инвестициите ќе им бидат вратени на апликантите.
Откако ќе заврши овој рок од 30 дена за подготовка и прибирање на потребната документација за аплицирање, Агенцијата во наредниот период ќе објави повик за Мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси “.
Преку оваа мерка „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ се создаваат услови за развој на најмоќниот дел од економијата а тоа се малите и микро претпријатија кои се моторот на домашната економија и кои ќе помогнат во развој на руралните средини. Со користење на европските средства од петтата компонента на инструментот за претпристапна помош се унапредува и осовременува домашниот агро-сектор, а со тоа се овозможува зголемено производство, квалитет, како и пласман на домашните земјоделски производи во странство.
За подетални информации околу потребната документација повелете во просториите на Проагро Лидер Струмица или на тел. број 070 389 034