НАЈНОВА АНАЛИЗА: ДОАЃА НЕВРЕМЕ КОН ДРЖАВАВА!

НАЈНОВА АНАЛИЗА ОД СЛАВЧО ПОПОВСКИ: ДОАЃА НЕВРЕМЕ КОН ДРЖАВАВА! ПОПЛАДНЕВО И ВЕЧЕРВА ВНИМАНИЕ

Во текот на денешното попладне и рано вечерва ФЛОРИЈАН во склоп со влажна и нестабилна воздушна маса  ќе услови променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Локално процесите ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град па во ваква ситуација ви препорачуваме да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да внимавате каде и како се движете.

 

Невремето ќе се задржи и во текот на следните денови и ќе условува нестабилно време со почести врнежи, грмежи и локално НЕВРЕМЕ.