Во третиот дел од проектот започнуваме со герила акции за промоција на можностите на руралниот туризам
Спроведувавме дво месечни континуирани теренски активности ( по две посети во Габрово, Банско, Вадоча и Велуса ) Имавме средби и состаноци со потенцијалните земјоделски стопанства во соработка со вклучен дополнителен стручен ресурс-волонтери од здружението, согласно утврдената динамика заради директно влијание врз целната група во однос на посакуваната промена (односно обуки на локалното население за отварање на сместувачки капацитети кои ќе понудат автентично сместување, со локална гастрономија и сплотување со локалниот начин на живот и зголемување на бројот на земјоделски стопанства кој ќе нудат сместувачко-угостителски услуги)
И дополнително извршивме и дистрибуирање на информативни флаери – БИДИ ТУКА.