8ми Октомври Плоштад Струмица Агро Саем Струмица 2022 Најголемата манифестација на отворено наменета за земјоделските производители…. -Панел Дискусии -Награди и признанија -Избор на најквалитетен мед…….
8ми Октомври Плоштад Струмица Агро Саем Струмица 2022 Најголемата манифестација на отворено наменета за земјоделските производители…. -Панел Дискусии -Награди и признанија -Избор на најквалитетен мед…….
Во рамките на проектот “Убавините на селото” со група на дечиња бевме во посета на чичко Иле кој целиот свој живот одгледува домати, а од скоро време започнал со одгледување и на органски домати кој за нас беа посебно интересни. Чичко Иле е поим за земјоделец. Човек кој со свои раце и свој труд се […]
Во спроведување на проектните активности продолживме со анимирање на деца за убавините на селото За таа цел со две групи на дечиња посетивме фарма за одгледување на крави и телиња каде што дечињата се запознаа со начинот и животот на фармата и за начинот за добивање на млеко и како се произведува сирење и урда. Децата […]
Децата од градските средини загушени од секојдневниот градски метеж и потиснати од напредокот на технологијата поминувајки го најголемиот дел од своето слободното време пред своите мобилни уреди е сериозен проблем кој им се заканува во нарушувањето на нивниот психофизичкиот развој. Затварањето дома по цел ден сигурно не е добра идеја. Има бројни здравствени придобивки од […]
Во рамки на проектните активности со дечињата извршивме посета на фарма со Виетнамски прасиња. Со дечињата бевме во с.Градско Балдовци каде што на фармата на Трајче се запознавме со начинот на одгледување на свињите од Виетнамска раса. Дечињата беа многу заинтересирани и возбудени од можноста за запознавање со истите и имаа безброј прашања за одгледување […]
Со нашата проектна иницијатива ќе ги нотираме проблемите и причините за недоволниот равој на руралниот туризам и начините и можностите за развој и подобрување на истиот кај земјоделските стопанства кој сакаат да започнат со оваа дополнителна дејност од која би остварувале дополнителни приходи во семејниот буџет, и ќе извршиме приближување на младите со руралниот животен […]
Појавата на руралниот туризам како алтернативен вид туризам на туристичкиот пазар е природна појава. Овој вид туризам се спротивставува на масовноста (индустрискиот туризам). Руралниот туризам, како одмор во рурална средина, не само што е модерен, туку и неопходен со оглед на загадувањето на животната средина, динамичниот и интензивен живот во градовите, што природно ги поттикнува […]
Еден од најзначајните сегменти од севкупната туристичка понуда на општина Струмица е секако селскиот туризам кој нуди мозаик од многу природни убавини и автентични објекти од недвижното културно наследство од овој крај. Селата Банско, Велјуса, Водоча и Габрово се вистински репрезенти на тој вид туризам. Областа е позната како главен земјоделски центар на земјата, а […]
Дополнителен рок за аплицирање за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделсвото и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека за 15 дена се продолжува рокот за поднесување на апликации за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати […]
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 41 субјект исплати близу 22 милиони денари за плата за овчарите. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите регистрирани земјоделски стопанства кои се стекнале со право за добивање на ваква поддршка. „Финансиската поддршка за […]
Отворен нов Јавен повик за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води Од денеска до 27 јануари 2022 година земјоделците ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Прогарамата за рурален развој преку мерката 121.4 „Набавка на систем капка по капка, конструкција на бунари и други […]
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на над 10 илјади земјоделци, исплати над 204 милиони денари за субвенции по повеќе мерки. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека се исплатени средства на сите кои аплицирале и исполниле услови за добивање на финансиска поддршка, за органско производство, за зголемен број на […]
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 9.191 субјект исплати близу 260 милиони денари за повеќе мерки. На сметките на 7,689 лица исплатени се 84,8 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности илипопозната како ПОМ. 39,3 милиони денари пак се исплатени за сите кои имаат […]
Заменик – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот и заменик – директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и Ремзи Абдилахи, денеска во просториите на МЗШВ, свечено ги доделија првите договори на младите земјоделци, добитници на грант до 10.000 евра. Финансиската поддршка е наменета […]
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.469 субјекти, исплати 220.265.958,00 денари за трета фаза произведено и предадено млеко. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на средства од мерката „директни плаќања за произедено кравјо, козјо и овчо млеко“. „Согласно оваа мерка финансиска поддршка од 3,5 […]
Фармерите кои од почетокот на годинава до крајот на септември 2021 година, набавиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи или пак пчелини матици од одобрени одгледувачишта,ќе можат да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства. “ Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски […]
До 25 декември можност за аплицирање за дополнителни директни плаќања сертифицирани како растително и сточарско органско производство и производство во преод Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека е во тек аплицирањето за дополнителни директни плаќања за растително и сточарско производство кои се сертифицирани како органско производство и […]
Почна аплицирањето за субвенции за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети Сите земјоделци кои во период од 26 декември 2020 година до 25 декември годинава, произвеле и предале градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, од денеска па се до 25 – ти декември ќе може да аплицираат за добивање на […]