Храна и Домашни Производи

Храна и Домашни Производи

На Агро Саемот со свои штандови учество ќе земат 100 тина изложувачи од земјава и странство, кои што ќе ја искористат оваа одлична можност за промоција и претставување на своите најнови производи и поврзување со деловни партнери од сите краеви на Македонија.

Саемот е одлична можност каде што фармерите ќе го претстават автентичниот начин на производството на градинарски производи, храна, вино и мед.
Посетителите на штандовите ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните македонски земјоделски производи за да го зачуваме и поддржиме нашето земјоделско производство.
Целта на Саемот е да го промовира домашното производство и да ја подигнеме свеста за домашно произведената храна, бидејќи храната е нашиот индетитет и да овозможиме зајакнување на соработката и довербата помеѓу сите кои се вклучени во синџирот на земјоделско производство.
Преку вакви манифестации произведувачите имаат можност да си ги претстават производите и подобро да се запознаат со потрошувачите.
Саемот ќе стане бренд, препознатлив печат, култен настан кој ќе ја слави македонската храна и традиција, и ќе прерасне во долгогодишен проект кој ќе го негуваме секоја година.
Разноликоста, локалните и семејни производи, малите семејни фарми, брендови, бизниси, оригиналните идеи и нови трендови беа мотив да сите ги собереме на едно место, на Агро Саем Струмица.
Целта е да го покажеме нашето богатство и потенцијал за развој којшто го имаме под ова македонско сонце, во нашите полиња низ нашите пасишта. Малите производители може се мали по капацитет, но се големи по квалитет.
Да продолжиме да ја почитуваме локално произведената храна да си ја чуваме традицијата наследена од нашите баби и дедовци, бидејќи таа е најголем доказ дека овде векувал народ кој со генерации ја пренесувал убавината и радоста на животот, токму преку храната.

Галерија Од Изложените "Храна и Домашни Производи"