Реализирана еко-акција со млади од Струмица! 🌿

Успешно реализирана еко-акција со млади од Струмица! 🌿
Во рамки на проектот „АгроРециклирај“, успешно беше спроведена локална акција за чистење, како дел од Активноста за ангажирање на граѓаните во намалување на отпадот.
Во акцијата активно учество зедоа ученици од ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“, кои со својата енергија и посветеност придонесоа кон почиста и поуредена животна средина. 💪🌍
🧹 За време на акцијата:
✔ Беа исчистени јавни површини
✔ Се подигна свеста за селекција на отпад
✔ Се поттикна одговорно однесување кај младите
Оваа активност има за цел зголемено учество на заедницата во еко-иницијативи и намалување на отпадот преку практични акции.
🤝 Со оваа иницијатива, се воспостави и соработка со училиштето, што претставува важен чекор кон долгорочно вклучување на младите во еко-активности.
Заедно покажуваме дека малите акции создаваат големи промени!
Проектот „АгроРециклирај“ е дел од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, спроведуван од PIN, АРНО, LEAD и Ековита, а финансиран од Европската Унија
април 2026
П В С T П С С
« Мар    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930