Во рамките на проектот „АгроРециклирај“, се одржа едукативна работилница посветена на рециклирањето, намалувањето на отпадот, принципите на циркуларната економија и изработка на био препарати од билки и нивната примена во одржливото земјоделство. 
Преку интерактивни активности и практични примери, учениците имаа можност да научат како правилно да го селектираат отпадот, како истиот може повторно да се искористи, се запознаа со природни начини за ефикасна заштита на растенијата и подобрување на квалитетот на почвата – без употреба на хемикалии, како и која е улогата на секој поединец во заштитата на животната средина.
Работилницата придонесе за подигање на еколошката свест и поттикнување на младите активно да се вклучат во создавање почиста и поодржлива заедница. 
Проектот „АгроРециклирај“ е дел од проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, спроведуван од People in Need North Macedonia, ARNO, LEAD- Leaders for Education, Activism and Development и Ekovita, а финансиран од Европската Унија.




